Audi R8

R8 го прави сето она што се очекува од еден вистински суперавтомобил – и повеќе од тоа. Неверојатно е брз и располага со еден од најдобрите мотори кај суперавтомобилите на пазарот.
Прекрасниот 5.2-литарски V10 мотор на Audi R8 е достапен во две конфигурации: со 562 коњски сили кај Performance RWD (заден погон) верзиите или со 612 коњски сили кај Performance quattro верзиите со погон на сите тркала.
Покрај фантастичниот звук, постои уште една причина зошто V10 моторот на R8 е толку добар: тој е атмосферски. Тоа значи дека нема турбополнач кој предизвикува „лаг“ , така што V10 моторот реагира моментално, и брзо се искачува до 8000 вртежи во минута.